На денешниот состанок, во просториите на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, и официјално се одбележа започнувањето на проектот „Мали, нискотрошковни, еколошки прифатливи системи за наводнување: избор на локации и изработка на целосна тендерска документација – проект за инфраструктура за систем за наводнување“, во присуство на претставниците од Делегацијата и претставниците од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Присуствуваа и претставници од партнерите кои го реализираат проектот, Ептиса, Темелсу и Поинт-про. Проектниот лидер, господинот Оскар Коронел, го претстави проектот во целост, задржувајќи се на методолошкиот и организацискиот пристап, целите, активностите и резултатите, по што следеше плодна дискусија.