Во 24 избрани локации беа извршени технички посети, во периодот од 19 септември до 14 ноември 2017. Техничките посети ги изврши проектниот тим, составен од претставници од трите компании кои го реализираат проектот: Ептиса, Проинт-про и Темелсу. Главната цел на посетите беше да се соберат детални информации од терен за состојбите со наводнувањето на локациите кои влегоа во потесен избор. Тимот, детално ги истражи приливот на водата, количините достапна вода, опремата за наводнување, како и постојните и потенцијалните области за наводнување. Честопати, посетите се реализираа во придружба на локални претставници, кои дадоа дополнителни информации за ситуацијата.