На 27 септември 2018, во просториите на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство се одржа првата обука за користење на софтверите за наводнување чија намена е распоредот на наводнувањето на фармите.

На обуката беше даден преглед на  постоечките софтвери за наводнување и дата бази со податоци, со фокус на софтверското решение CROPWAT. Презентирани беа основните концепти на софтверот за методи за пресметка и структура на програмата, беа дадени примери за пресметка (Eto, Etc), распоред на наводнувањето и метода за балансирање на влагата на почвата, како и потребата од вода во почвата. Обуката опфати и опис на модел за проект и евалуација на моделот на површинско наводнување (SIRMOD)  и системот за управување со наводнувањето и системот за контрола (INTAGES).

Прилози: Агенда на обуката и Прирачник: Софтверски апликации за наводнување CROPWAT, CLIMWAT, SIRMOD