Третиот состанок на Управниот одбор, одржан денеска во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, беше посветен на подготвените Студии за изводливост за првите три локации: Чаушица, Колибари и Славишко поле.

На почетокот на состанокот беа посочени разликите во наодите помеѓу студиите за изводливост и пред-визибилити студиите, по што следеше преглед на економските и социјалните аспекти на трите студии за изводливост. Фокус беше даден на коментарите добиени на техничкиот состанок и нивното адресирање во ревидираните верзии на студиите за изводливост. Едно од прашањата беше разгледување на можноста за давање субвенции преку Законот за земјоделски задруги и нивното влијанието врз тарифите за наводнување. Во споредба со пред-визибилити студиите, субвенционирањето ќе даде придобивки за системите.

Исто така, беа разгледани и техничките аспекти на студиите за изводливост за трите локации и беше објаснето дека во оваа фаза, по спроведено истражување, податоците се попрецизни во однос на пред-визибилити фазата. Внимание беше посветено на инфраструктурните проекти и на административната постапка за добивање одобрување од сите релевантни институции за потенцијално поврзување со постоечки систем за наводнување. Малите системите за наводнување се планирани со внимателно разгледување на информации добиени од надлежните органи.