На две последователни средби, одржани на 5 и на 13 февруари 2019, на земјоделците од Горна и Долна Бањица им беа презентирани две потенцијални решенија за системот за наводнување Бањичко поле.

Првото потенцијално решение предвидува довод на вода кај езерцето Вруток, што беше претставено и дискутирано на последната средба на 5 декември 2018. Второто решение предвидува поврзување со обновениот систем за наводнување Равен-Речица во близина на ХЕ Равен, кој ќе се гради паралелно и ќе се финансира од државниот буџет.

Земјоделците се согласија дека второто решение е попрепорачливо, затоа што главниот водовод е пократок за 3 км што го прави системот економски пооправдан. Водата ќе се дистрибуира под притисок директно од системот Равен – Речица, ќе биде многу чиста и земјоделците ќе бидат првите корисници за снабдување со вода. Според пресметките, системот ќе има доволно притисок и може да обезбеди наводнување за целата површина на покриеност, од околу 110 хектари, без разлика дали земјоделската површина е низводно или спроти течението на водата. Новиот систем ќе биде од затворен тип, погоден за површинско наводнување, но и наводнување капка по капка.

Земјоделците се свесни за процесот на урбанизација и за планираните инфраструктурни објекти во околината на Бањица, што влијаеше на предложената област за наводнување. Новата мрежа за наводнување ќе биде дизајнирана така да идната урбанизација и инфраструктурата нема да влијаат врз неа.