На серија од три последователни обуки, кои се одржаа на 19 март во Гостивар, 26 март во Прилеп, и на 28 март 2019 во Струмица, педесетина земјоделци и претставници од земјоделски здруженија се запознаа со управувањето со наводнувањето на земјоделски површини и користењето софтверски апликации за управување со наводнувањето на земјоделските површини и со системите за наводнување.

Предавачот Оскар Коронел, експерт за наводнување, ги опфати основните концепти на управувањето со системите за наводнување на земјоделските површини, одредувањето на потребите за вода на земјоделските култури, ефикасноста во наводнувањето, распоред за наводнување, компонентите на системите за наводнување и одводнување, како и методите за наводнување. Беше даден и осврт на користењето современи алатки, како што се софтверски апликации наменети за управување со наводнувањето на земјоделските површини и управување со системите за наводнување.