Oдржливото користење на водата за наводнување е еден од приоритетите на ЕУ кога станува збор за заштита на животната средина. Наводнувањето обично е еден од најголемите потрошувачи на вода. Прекумерното или несоодветно користење на водата за наводнување може да доведе до неповолни влијанија во рамки на еден речен слив.
Заради важноста на одржливото користење водата за наводнување, проектот во два наврати ,на24 и 26 септември 2019, ја одржа обуката „Одржливо управување со водните ресурси за наводнување на ниво на речен слив“. На обуката, наменета за оператори и регулатори кои имаат одговорност во управувањето со водните ресурси за наводнување, присуствуваа 30 претставници од различни претпријатија во земјава.
Еднодневната обука се фокусираше на основната теорија на Интегрирано управување со водните ресурси на ниво на речен слив (како пример беше искористен сливот на Црна Река), со практични вежби за ,,расположлива вода за користење” и „еколошки проток”. Учесниците имаа можност да гледаат видео презентација на основната теорија за подземни води, и преку практично искуство со користење на моделот РИБАМАН-5 да го проценат влијанието на интегрираното управување со водните ресурси на ниво на речен слив и меѓусебната поврзаност во сливот на Црна Река. Софтверот РИБАМАН-5 е софтвер развиен во рамките на проектот „Развој на Национална Студија за Вода“, кој Ептиса го спроведуваше во периодот 2016-2017 година.
Обуката, со предавачите Брајан Фокнер и Даниела Бужаровска, се организираше со цел да им помогна на лицата одговорни за наводнувањето да разберат како нивните специфични операции на зафаќање на вода влијаат врз другите корисници и како влијанијата од зголемениот број на население и климатските промени ќе влијаат врз водните ресурси во иднина.
Прилози: Агенда за обуката, Прирачник: Користење на РИБАМАН-5 за проценка на ИУВР