Зоран Зимбаков, градоначалник на општина Босилово, смета дека општината има голема корист од изградбата на малиот систем за наводнување на локацијата Чаушица.

„Општина Босилово е една од среќните општини која што го доби овој грант благодарејќи на средствата од Европската Унија. Поточно, се работи за браната Чаушица, која што има капацитет од 220 илјади кубика и беше буквално неискористена. Односно, водата преку преливникот буквално истекуваше. Со реализација на овој проект ќе се овозможи наводнување на 85 хектари, површини кои што до сега немаа можност да се наводнуваат. Тука, бенефит ќе има и населеното место Дрвош“ истакна градоначалникот Зимбаков.

Целосната изјава може да jа видите во видеото: