Тендерот за избор на изведувачи за изградба за системи за наводнување на локациите Чаушица, Славишко поле и Колибари, изработен според позитивната законска регулатива и ПРАГ правилата на Европска унија, беше отворен за понуди во јуни 2019 година

По затворањето на тендерската процедура, во октомври 2019, беа избрани изведувачи за изградба на два мали нискотрошковни системи за наводнување на локациите Чаушица и Славишко Поле. За Колибари, немаше доставено соодветна понуда која ги исполнува бараните критериуми.

Градбата на малите нискотрошковни системи за наводнување на локациите Чаушица и Славишко Поле треба да започне во првото тромесечје од 2020 година. Работите ќе опфатат реконструкција на браната Чаушица и изградба на мал нискотрошковен систем за наводнување во општина Босилово, како и изградба на зафатнa структура и мал нискотрошковен систем за наводнување Славишко Поле во општина Ранковце.

Чаушица, општина Босилово

Славишко поле, општина Ранковце