Општа цел
Општата цел на проектот е да придонесе кон одржлив и инклузивен економски, социјален и територијален развој на земјата и намалување на регионалните разлики преку развој на инфраструктурни капацитети за наводнување во руралните области.
Целта
Целта на овој проект е да придонесе за зголемување на конкурентноста во земјоделскиот сектор, да ги одржува приходите на земјоделците и да ги ублажи негативните ефекти од климатските промени врз земјоделството преку промоција на мали и евтини системи за наводнување наклонети кон животната средина.
Ова ќе се постигне преку:
- Избор на потенцијални локации за инвестиции во мали и евтини системи за наводнување, без негативни влијанија врз животната средина;
- Подготовка на проектни документации, вклучително и студии на изводливост и основни проекти за идни инвестиции во изградба на мали системи за наводнување;
- Проектирање и подготовка на тендерска документација за изградба/обновување на мали системи за наводнување на избраните локации ;
- Обезбедување политики и насоки за зајакнување, разјаснување на улогите и градење на капацитетите на различни чинители вклучени во управувањето на водата за наводнување во локалните системи;
- Развивање едноставна, но сеопфатна процедура и методологија за пресметување на тарифите за вода за наводнување, со цел да се обезбеди одржливост на системите.
Според податоците од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, вкупното земјоделско земјиште во земјата изнесува 225.000 хектари. Околу 80 отсто од култивираната површина е во сопственост на приватни земјоделци, а останатите 20 отсто се во сопственост на државата. Повеќето земјоделски стопанства имаат мешано производство и површина помала од 1 хектар (само 10 отсто имаат површина од над 3 хектари). Постои преголема фрагментација на земјиштето во однос на сопственоста, но и во однос на користење на земјиштето. Просечната големина на едно семејно земјоделско стопанство од 1,85 хектари е поделена на голем број парцели, обично од 5 до 7 по стопанство.
Користењето на вода за наводнување, потребна за земјоделството, изнесува 46 отсто, што е пониско од просекот во јужна Европа, каде наводнувањето претставува поголем дел од вкупната употреба на вода (од 52 отсто во Португалија до 83 отсто во Грција). Ова покажува дека повеќе вода може да се искористи за наводнување. Потенцијалот за наводнување изнесува 164.000 хектари, но само 126.600 хектари се опремени за наводнување (приближно 30 отсто од вкупното обработливо земјиште).
Ниското ниво на употреба на системите за наводнување се должи на распаднатата инфраструктура за наводнување, која во некои екстремни случаи е целосно уништена. Исто така, наводнувањето за земјоделство се соочува со неколку други предизвици: урбанизација на наводнуваните области, изобилство земјоделско земјиште, висока фрагментација на земјиштето, слаб систем за пренесување на знаење и наследување на земјоделството, зголемена употреба на подземни води за наводнување на земјоделските стопанства, дефицит на институционален капацитет и недоволно управување со водите. Доколку се земе предвид и влијанието на ефектите од климатските промени, при што некои области се повеќе погодени од другите, со сигурност може да заклучиме дека условите за земјоделство стануваат се потешки.
Активностите се организирани во два фази, почетна фаза и фаза на имплементација која понатаму е поделена во две компоненти:
- Компонента 1: Студии за изводливост и детални основни проекти спроведени во две фази:
- Спроведување на целосни Студии за изводливост и проценка на влијание врз животната средина за претходно избраните локации за инвестиции;
- Основни проекти за еколошки и економски одржливи МАЛИ СИСТЕМИ ЗА НАВОДНУВАЊЕ и подготовка на тендерско досие за изградба, според ПРАГ.
и
- Компонента 2: Поддршка на засегнатите страни вклучени во планирањето и спроведувањето на политиките во секторот за наводнување:
- Во оваа компонента, Изведувачот ќе ги поддржи тековните реформи на МЗШВ за управувањето со водите, во насока на вклучување на корисниците на вода во управувањето со системите за наводнување, каде сопственоста на системите останува државна.
- Резултат 1: Идентификувани можни проектни локации за наводнување, направена проценка и подготвени пред – визибилити извештаи (проценети најмалку 15-20 потенцијални локации).
- Резултат 2: Подготвени студии за изводливост (најмалку 6-8 студии).
- Резултат 3: Подготвени детални основни проекти за еколошки и економски ефикасни мали локални системи за наводнување, подготвена тендерска документација (6-8 локации).
- Резултат 4: Формирани групи од земјоделци за секоја од локациите за кои е подготвена тендерска документација (6-8 групи земјоделци). Земјоделците да бидат обучени и оспособни да управуваат со малите системи за наводнување, кога истите ќе бидат изградени.
- Резултат 5: Да се изработи методологијата за пресметување на тарифите за вода за наводнување со која ќе се овозможи одржливост на малите локални системите за наводнување, управувани од водокорисничките здруженија на крајните корисници.
- Подобрени можности за наводнување на избраните локации.
- Повисоки можности за земјоделците да го подобрат користењето на земјиштето, да воведат подобри култури и да го зголемат квалитетот на постојните култури.
- Подобрени структурна организација во управувањето со наводнувањето, што ќе им овозможи на земјоделците да имаат поголема моќ.
Главната целна група се земјоделските заедници чии земјишта ќе имаат пристап до инфраструктура за наводнување. Се очекува земјоделците со пристап до наводнувањето да можат да развиваат земјоделски култури со висока вредност, да ги зголемат земјоделските приходи, а локалната заедница/и генерално ќе има корист од зголемената економска активност преку системите за наводнување.
Корисници на проектот:
- Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), како директен корисник на проектните активности и резултати;
- АД за управување со води;
- Општините и земјоделските организации, како клучни засегнати страни во спроведувањето на проектните активности, кои индиректно ќе имаат корист од резултатите.