Во периодот од 30 октомври до 14 ноември 2017 беа одржани средби со земјоделците од повеќе од дваесет локации. Средбите се организираа по реализацијата на техничките посети, за да се согледа расположението на земјоделците за користење на потенцијалните системи за наводнување, како и нивната волја за управување со истите преку некакви „водокориснички здруженија “. Претставниците од Ептиса им го презентираа проектот на земјоделците, разговараа за целта на проектот и прибраа информации од земјоделците, како клучна целна група од која зависи успехот на самиот проект.

Средбите покажаа дека расположението кај земјоделците, генерално, е високо. Тие се надеваат дека доколку располагаат со мали локални системи за наводнување тоа ќе придонесе за развој на земјоделството и зголемување на нивните приходи од постојните или од нови подоходовни култури.