Во текот на пред-селекција на потенцијалните локации, проектот „Мали, нискотрошковни, еколошки прифатливи системи за наводнување: избор на локации и изработка на целосна тендерска документација – проект за инфраструктура за систем за наводнување“  потпиша Меморандум за разбирање со земјоделците од дваесет локации во потесен избор.

Потпишувањето на меморандумите со земјоделците, поточно со избраните претставници на повеќе од 50 отсто од локалните земјоделци, преставува еден од клучните критериуми нивната локација да влезе во понатамошната реализација на проектот.

Потпишувањето на Меморандумот беше организирано со цел да се осигуриме дека земјоделците од дваесетте избрани локации (Зајас, Колибари, Славишко поле, Довезенце – Јанче – Клечовце, Конопица, браните Мавровица, Пишица, Селемли, Чаушица, Конче 1 и 3, како и Градиште, Дражево, Василево-Добрејци, К36, Дабничка река, Суводолско, Габалавци, Десово, Теарце и Бањичко поле) имаат волја и се подготвени да управуваат со локалниот систем за наводнување. Управувањето би се реализирало преку новоформирани правни субјекти, во владение на локалните земјоделци. Државата останува сопственик на малите системи за наводнување. Јасната намера на земјоделците да го управуваат и ползуваат локалниот систем за наводнување е гаранција дека штом ќе се изберат конечните 6 – 8 локации, може да се започне процесот на подготовка за формирање на тие субјекти, а со тоа и непречено да продолжи реализацијата на проектот.

Со потпишувањето на Меморандумот, земјоделците се согласија дека ќе обезбедат неопходна поддршка за одбраните локации, активно ќе учествуваат во проектните активности за јакнење на нивните капацитетите за управување, на обуките за подготовка на Бизнис планови за идните Водокориснички здруженија  и информирање за законските прописи (т.е. интерни правила за планирање и користење на водата и управување со системите за наводнување), тренинзи за одржување и сервисирање на системите, собирање на надоместоци, подготовка на буџети, итн.

Повеќе за процесот на селекцијата и изборот на локациите ќе најдете на следниов линк.