Врз основа на опсежните податоци добиени од 20 пред-визибилити студии, експертскиот тим даде препорака за осум надобро рангирани локации кои влегуваат во понатамошните фази на проектот.
Конечниот избор на осумте локации беше направен според серија критериуми и индикатори, како на пример: економските индикатори како што се сооднос корист-трошок и очекуваната внатрешна стапка на поврат, еколошки најприфатливи системи, достапни тарифи за наводнување на земјоделците, достапност/недостапност на вода, број на земјоделци, проекти со тековни проблеми со пласман на производите на пазарот коишто треба да се поддржат со дополнително градење на капацитети со цел да се променат моделите на земјоделството, мали системи за наводнување до 300 хектари, да припаѓаат на една општина и други.
Препораката, првично прифатена од Управниот одбор на проектот, беше одобрена и од Делегацијата на ЕУ и од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Осумте локации за кои ќе се подготват студии за изводливост, како и детални основни проекти се следните: Зајас – Колибари (општина Кичево), Славишко Поле (општина Ранковце), браната Пишица (општина Пробиштип), Чаушица (општина Босилово), K36/Сопот (општина Кавадарци), Суводолско (општина Новаци), Теарце (општина Теарце) и Бањичко Поле (општина Гостивар).
Пред-физибилити студиите дадоа детален увид за секоја од дваесетте потенцијани локации: информација и опис на областа на проектот; клима, вода и копнени ресурси, и постоечки структури за наводнување, прелиминарна оценка на влијанието на животната средина, земјоделска економија, проценка на проектни трошоци, економска, финансиска и социјална анализа.
Повеќе информации ќе најдете на овде.