Со цел да се следи напредокот на подготовкта на студиите за изводливост, проценките на влијанието врз животната средина, како и предложените решенија за основните проекти за трите локации, за кои отпочнаа работите: Колибари, Славишко поле и Чаушица, тимот експерти ангажирани на проектот ги презентираше тековните работи пред членовите на Управниот одбор. Состанокот се оджа на 18 септември 2018, во хотелот „Солун“ во Скопје.
Беше даден детален опис на проектните области (Колибари, Славишко Поле, Чаушица), почвени ресурси, достапност на вода, хидраулично моделирање, беа презентирани предлозите за основен проект, бае разгледани инсититуционалните аспекти, како и аспектите од животната средина и беа презентирани проценките за проектните трошоци, како и резултатите од направената социјална анализа на локациите.
Добиените коментари ќе бидат вклучени во трите студии за изводливост, за Колибари, Славишко Поле и Чаушица, со цел да се подобрат крајните резултати.