Како дел од втората проектна компонента, обезбедување поддршка за засегнатите страни вклучени во планирањето и спроведувањето на политиките во секторот за наводнување, со оваа обука започна проесот на градење капацитетите на институциите и правните субјекти вклучени во управувањето со наводнувањето.

Обуката се состоеше од појаснувања и пренесување на потребните знаења за приоретизација заснована врз докази за инвестиции во наводнувањето, како и практична примена на избраната стандардизирана методологија користена во проектот.

Учесниците, претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, преставници од Министарството за животна средина и просторно планирање, како и претствници од Управата за води и АД Водостопанство, имаа можност преку презантации и практични работа на примери да се запознаат со методологијата користена за пред-фисибилити студиите, идентификација на локации и процес на селекција, приоритизација и селекција на инвестициски проекти за наводнување базирано на факти и практичната примена на приоритизацијата.

Средбата со преставниците од засегнатите институции беше искористена и за проценка на нивните потреби за понатамошни обуки и надградувања. Учесниците издвоија неколку можни теми за идните обуки: приоритизација заснована врз докази и избор на проекти за наводнување, пренесување / споделување на управувањето со водата со корисниците на вода за наводнување, формирање водокориснички здруженија, матодологија за терифи за вода за наводнување,  здруженија на корисници на вода, управување со системот за наводнување, и др.

Прилог: Агенда на тренингот