Втората обука, наменета за претсавници од сите засегнати страни во проектот, институции, општини, земјоделски заедници и претпријатија, беше фокусирана на институционалните аспекти на управувањето со наводнувањето.

На обуката учествуваа петнаесет учесници, претставници од: Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за локална самоуправа, Агролозар, општина Ранковце, Делегацијата на ЕУ и месни заедници.

Оскар Коронел, експерт за управување со наводнувањето, го презентираше моделот на пренос на управувањето со наводнување според Организацијата за храна и земјоделство – FAO, и наведе примери на пренос на управувањето со наводнувањето.

Билјана Пулеска, правен експерт, презентираше студии на случај за институционалното уредување на наводнувањето во други земји: Бугарија, франција, Холандија, Италија, Германија, Португалија, Шведска, Унгарија, Романија и Шпанија. Во својата втора сесија, Пулеска даде преглед на законодавството со кое се регулира управувањето со води и наводнувањето во Северна Македонија.

Крајниот заклучок од обуката беше дека различните правни системи обезбедуваат различни организациски модели на субјектите кои управуваат со водните за наводнување. Во повеќето анализирани случаи, наводнувањето е услуга од јавен интерес, управувана од државен орган или децентрализирана на орган на пониско ниво. Вистинската имплементација на политиката во повеќето случаи е доверена на јавно тело – државна агенција или корпорација која управува со целокупната територија или со регионалното водоснабдување (повеќенаменско), а е со моноползирана позиција.

Прилог: Агенда на обуката