Обуката фокусирана на управувањето со системите за наводнување, трета по ред во рамките на проектот, се одржа на 2 јули 2018, во хотелот „Солун“ во Скопје.
На обуката, наменета за преставници од сите засегнати страни, учествуваа дваесетина учесници, претставници од: Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, АД Водостопанство, како и преставници од осумте одбрани локации: Колибари, Славишко Поле, Пишица, Чаушица, Сопот, Суводолско – Новаци, Теарце и Бањичко Поле.
Оскар Коронел, експерт за управување со наводнувањето, даде вовед во управувањето со системите за наводнување, детално ги презентираше елементите на системите за наводнување, управувањето со системите за наводнување и практичната примена на методите за распределба на вода (распоред за наводнување).
Учесниците ја оценија обуката како доста корисна, а споделија и многу корисни информации. Затоа, беше одлучено дека обуката на истата тема ќе се организира уште еднаш за претставниците од АД Водостопанство.
Прилози: Агенда на обуката и Прирачник: Управување со системите за наводнување