Заради големиот интерес, обуката за управување со системите за наводнување се одржа по втор пат, овој пат за 40 претставници од АД Водостопанство. Настанот се одржа на 20 септември 2018, во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Програмата на обуката опфати вовед во управувањето со системите за наводнување, детална презентација на елементите на системите за наводнување, управувањето со системите за наводнување и практичната примена на методите за распределба на вода (распоред за наводнување). Предавач на обуката беше експертот за наводнување Оскар Коронел.

Прилози: Агенда на обуката и Прирачник  – Управување со системите за наводнување