Проектот „Мали, нискотрошковни, еколошки прифатливи системи за наводнување: избирање на локации и подготовка на целосно тендерско досие за изградба”, вчера во Сопот, ја започна серијата состаноци со земјоделците на локациите каде што е предвидено да се градат мали системи за наводнување. Како дел од поддршката за земјоделските производители коишто ќе бидат корисници на идните мали системи за наводнување, на состаноците се разработува процесот за основање на земјоделска задруга преку којашто ќе управуваат со системот.

Формирањето на тело, со кое корисниците сами ќе управуваат со системот за наводнување, е еден од условите на ЕУ и на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, тој систем воопшто да биде изграден.

Во моментов, земјоделска задруга е единствената правна форма која што може да се искористи за управување од страна на земјоделците.

Проектот ќе им помогне на земјоделските производители, со обуки и со подготвени урнеци од документи, да бидат спремни за регистрирање земјоделска задруга пред предавање на системот за наводнување во употреба.

Земјоделците, со помош на проектниот тим, заедно ќе ги поминат сите неопходни чекори за организирање и регистрирање на задругите: информативни состаноци, формирање работни групи, развивање бизнис план, подготовка на договори за членство, подготовка на Статут, договор за примопредавање на системот со АД Водостопанство и други придружни документи и процедури. Проектот исто така ќе им помогне и во развивањето тарифна методологија и одредувањето тарифи за користење на системот за наводнување.

И покрај многуте прашања и различните искуства со земјоделските задруги, земјоделците со нетрпение очекуваат изградба на малите системи што ќе можат сами да ги управуваат.

Состаноците продолжуваат и во наредниот приод, од 24 до 30 јануари 2020, во Ранковце, Конопница, Новаци, Пробиштип и Хамзали.

Ранковце, 24 јануари 2020:

Конопница, 27 јануари 2020:

Новаци, 28 јануари 2020:

Пробиштип, 29 јануари 2020:

Хамзали, 30 јануари 2020: