Во периодот од 21 до 24 мај 2019, проектниот тим, во рамките на тековните активности за подготовка на студиите за изводливост, ги посети локациите Новаци, Пишица и Конопица.
Посетите на терен се организираа со цел да се скенираат состојбите: постоечките мрежи за довод на вода, капацитети за водоснабдување, области за наводнување. Едновремено, се одржаа и средби со земјоделците.
Земјоделците, од сите три локации, се согласни дека изградбата на мали нискотрошковни системи за наводнување е неопходна.
Во Пишица, земјоделците предлагаат да се реконструира постоечкиот цевковод и да се прошири системот, за да опфаќа обработливо земјиште од двете страни на селото. Сметаа дека е подобро новиот систем да се изгради без пумпна станица. Треба да се направат проценки дали капацитетот на системот ќе биде доволен за покривање на бараната површина обработливо земјиште, и да се разгледа и опцијата за наводнување капка по капка, со цел да се опфати поголема површина.
Во Конопица, земјоделците нагласувват дека без системот, земјоделското производство не е можно, па така согласни се да се изгради дури и ако се бара да биде со пумпна станица. За време на фазата на дизајнирање, ќе се проценат различни опции. Проектот ќе ја разгледа опцијата со гравитација наспроти пумпната станица, а тоа последователно ќе влијае на тарифите од обете опции.
Во Новаци беше заклучено дека е потребно да се консултира Агенцијата за патишта, доколку системот за наводнување го пресекува регионалниот пат Добромир – Новаци.
На сите три локации, картата на предложениот систем за наводнување, списокот на катастарски парцели и согласностите што треба да се потпишат ќе бидат дистрибуирани до земјоделците.