Со идеја дека учеството на земјоделците во осмислувањето и управувањето со системот за наводнување помага да се обезбеди одржливост на системот, го намалува товарот врз јавните расходи и ги зголемува ефикасноста, еднаквоста и стандардот на услугите, во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се одржа обука за процесот и техниките за вклучување на задницата, како и за политиките во секторот води.

Дваесетина учесници, претставници од АД Водостопанство и од МЗШВ, се запознаа со процесот и техниките за поголема вклученост на земјоделците, како и со примери за практична примена, со идеја дека трансформацијата на корисниците на вода од обични корисници во партнери во развојот на системот за наводнување може да има широко распространето влијание, бидејќи на тој начин земјоделците се обучуваат и организираат.

Едновремено, имаа можност да се запознаат и со рамката за преглед на политиките во сектор води, како и со формулирањето на стратегија во насока на интегрирано управување со водните ресурси.

Прилози: Агенда на настанот, Прирачник за Процеси и техники за учество на заедницата, Прирачник за Рамка за преиспитување на политиката во сектор води