Триесетина земјоделци од општините Ранковце и Кавадарци, на две последователни обуки, одржани на 16 и на 19 април 2019, присуствуваа на обуките наменети за делотворно користење на водата за наводнување.

Програмата на обуката ги опфати основните концепти на управувањето со системите за наводнување на земјоделските површини, одредувањето на потребите за вода на земјоделските култури, ефикасноста во наводнувањето, распоред за наводнување, компонентите на системите за наводнување и одводнување, како и методите за наводнување.

***

Прилог: Управување со наводнувањето на земјоделските површини