Даниела Бужаровска, консултантка за агро-бизнис, во изјавата по повод започнувањето нова серија обуки, истакна дека проектот спроведува низа активности за јакнење на капацитетите на земјоделците и ќе им даде поддршка во подготовката сами да можат да управуваат со малите систами за наводнување.
„Поконкретно, денешнава обука ќе биде за земјоделски маркетинг, дискусија со практични примери. Има за цел да им помогне на земјоделцитекако да станат поконкурентни на пазарите и како повеќе да се ориентираат кон пазарно ориентирано производство. Односно, како да направат производ кој што е баран на пазарот и кој што ќе може да го продадат по подобра цена.“ нагласи Бужаровска.
Целосната изјава може да ја видите во видеото: