На обуката за Земјоделски маркетинг, гостинката предавач Весна Јаневска, жена земјоделка и претседателка на здружението „Вредни росомански раце“ ги сподели своите искуства со земјоделците од пробиштипскиот регион, за тоа како го искористила своето знаење за пласман на производите што ги одгледува и обработува.

„Идејата беше моја, но имав поддршка од фамилијата. Осумнаесет години веќе се занимаваме со преработка на зеленчук, во ајвари, во салца, лутеници, кечапи, и сите видови овошја кои што ги имаме. Значи, ништо да не се фрли. Сега аплицирав, сакам и сушара да земам, и тоа што е најситното некако ќе го складирам, и после да го пласирам паралелно. Битно е да размислуваме на темата „Кој ќе ти го купи твојот производ?“…Мора многу да се презентира, да се промовира, мора да умееш од луѓето со другата страна. Да им влееш доверба.“ нагласува Јаневска.

Обуката се одржа на 20 декември 2019 година, како дел од серијата обуки наменети за јакнење на капацитетите на земјоделците.

Целосната изјава може да ја видите во видеото: