За потребите на Министерство за земјоделие, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија, на 6 ноември 2020, преку платформата Зум, се одржа обука за подготовка на методологија за определување на тарифите за водна услуга за наводнување за мали системи.
Средбата со претставниците од Министерството исто така беше искористена за краток преглед на спроведените проектни активности во текот на 2020 година, со осврт на помошта за земјоделците за формирање земјоделски задруги, како форма на управување со идните мали системи за наводнување, како и препораки за идни активности во насока на поддршка за земјоделците.
Учесниците имаа можност да се запознаат со современа методологија за определување на тарифи на водните услуги за наводнување за мали системи, да се запознаат со легислативата поврзана со цените за наводнување, како и да погледнат разработени примери и модели за цени за наводнување.
Прилози: Агенда на настанот