Со цел да се поддржат земјоделците со практични искуства и вмрежување со други земјоделци за управување и работење на идните мал систем за наводнување, проектот, на 9 септември 2020, организираше студиска посета на избрани земјоделски задруги „Петрушка река“ од Миравци и „Агро Богданци“ од Богданци, кои се едни од најразвиените задруги за обезбедување услуги за наводнување.

Студиската посета беше организирана за земјоделците од сите осум локации избрани за изградба на мали системи за наводнување. На посетата во Миравци и Богданци учествуваа по двајца до тројца претставници од секоја локација за кои се очекува да бидат вклучени во идното управување со земјоделските задруги. Идејата е знаењето и научените лекции да бидат споделени со другите членови и земјоделци. Вкупно 17 земјоделци од шест локации (Ранковце, Чаушица, Новаци, Теарце, Колибари и Пишица) учествуваа на студиската посета.

Студиската посета започна со кратки презентации за ЗЗ „Петрушка река“ од Миравци и ЗЗ „Агро Богданци“ од Богданци, проследена со посета на системот за наводнување во Миравци. Студиската посета е дел од активности за градење капацитетите со цел да се зајакнат земјоделците и да споделуваат искуства за управување со системите за наводнување во иднина.

Земјоделците имаа можноста да се запознаат со различни предизвици и потенцијални ограничувања, со одредени технички аспекти во одржувањето и работењето на системите за наводнување, финансирање на ЗЗ, како и со можностите за споделување и соработка со другите групи на земјоделци.

Лазар Боев, управител на земјоделската задруга „Петрушка река“, даде кратка презентација на главните карактеристики на задругата. Системот за наводнување е конструиран со поддршка од KfW Банка во 2006 година. Се наоѓа во долината на Јужен Вардар, а опфаќа наводнувана површина од скоро 520ха со 62 км секундарна и терцијарна мрежа во областа на селата Миравци, Давидово и Милетково. Скоро 70% од наводнувањето се снабдува со бунари (капацитет 1200 л / сек), а 30% се со помош на зафаќање површински води. Системот за наводнување главно се користи за зеленчук, овоштарници, но и житни култури. До 2016 година, во согласност со сегашното законодавство, системот го водеше заедницата за вода „Петрушка река“. Со законодавните измени и укинувањето на водните заедници, управувањето и работењето на системот го презеде новоформираната земјоделска задруга „Петрушка река“. Преминот од заедницата за вода во земјоделска задруга беше целосно поддржан од проектот KfW. Институционалната поставеност во однос на процесот на регистрација, потребните документи, воспоставувањето на тела за управување со АС и други поврзани прашања беше следена и поддржана од персоналот на проектот KfW.

Иван Вангелов, управител, ја претстави земјоделската задруга „Агро-Богданци“, лоцирана во долината на Јужен Вардар. Системот за наводнување опфаќа наводнувана површина од 600 ха во близина на населбите Богданци и Ѓавато. Во 2002 година, со поддршка на KfW Банка, постојниот систем за наводнување во Богданци се проширил на околу 170 ха во близина на населбата Ѓавато. Во моментов, со постоечки 80 км секундарна и 60 км терцијарна мрежа, скоро 200 ха се наводнуваат, а останатите 400 ха не се наводнуваат поради откажување на системот и државно земјиште што не се обработува. Системот е гравитациски и главно се користи за лозја, овоштарници и рано производство на зеленчук. Со системот за наводнување управува земјоделската задруга „Агро-Богданци“ која е основана за производство на лозова дестилација, но со престанокот на водните заедници и со правото на земјоделски задруги за вршење на активности за наводнување, задругата била регистрирана и за обезбедување наводнување. Задругата обезбедува услуги за наводнување, но извршува и други земјоделски активности. Произведува дестилат за винова лоза, брендиран преку задругата.

Земјоделците имаат позитивен став кон воспоставување на ЗЗ за управување и работење со системот за наводнување, а нивните капацитети, од институционален и од технички аспект, се зајакнати. Сепак, проектот смета дека потребно е понатамошно советување, водење и следење на процесот на формирање на ЗЗ, особено за одржување на основачко собрание, формирање на управни тела, донесување акти, регистрација, користење на достапна финансиска поддршка. Исто така, потребни се и дополнителни активности за поттикнување на развој на одржливи вредности и подобрување на техничкиот капацитет на земјоделците за примена на ефикасни техники за наводнување.