На 20 февруари 2018, во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се одржа првиот состанок на проектниот Управен одбор (УО).
На состанокот, заедно со членовите на УО, присуствуваа и претставници од Делегацијата на ЕУ во Скопје и Управата за водостопанство.
По поздравните говори, беше даден целосен преглед на активностите и постигнувањата за време на почетната фаза на проектот, кои резултираат со два извештаи: Извештај за скрининг и Пред-физибилити извештај.
По деталната презентација на спроведените активности: прибирањето податоци, користените методологии, посетите и средбите на терен, како и заклучоците од подготвените 20 пред-визибилити студии за потенцијалните локации, УО побара да се дадат препораки за конечните 6-8 локации, за кои проектот, во понатамошната реализација, ќе изготви студии за изводливост и тендерска документација за идни инвестиции.