Во текот на првата фаза на проектот (фаза на скрининг), идентификувани се вкупно 201 потенцијална локација за инвестиции во мали локални системи за наводнување (Преземете ја табелата и мапата од локациите). Експертите темелно ги испитаа потенцијалите на сите можни локации, користејќи широк спектар на извори и информации.
За рангирање и потесен избор од можните локации користена е методологија која ги комбинира процесот на аналитичка хиерархија, како една од најпопуларните алатки, за повеќе критериумски избор, и географскиот информативен систем – ГИС.
По бројните консултации со главните засегнати страни, беше договорен единствен збир на критериуми за понатамошен избор на околу 80 можни локации.
Следниве критериуми за пред – селекција, дел веќе утврдени со проектните задачи, беа земени предвид при изборот на локациите:
- Подрачјето што треба да се наводнува да е помало од 300 хектари;
- Системот за наводнување да опфаќа од едно до повеќе села, но сите во една општина;
- Системот за наводнување да не е дел од голем хидро – мелиоративен систем;
- Системот за наводнување е прифатен од критична маса на земјоделци кои учествуваат со повеќе од 50% (од потенцијално наводнуваната област) преку потпишување на согласности, а земјоделците имаат волја да ги искористат инвестициите во мали системи и да преземат одговорност за управување со нив преку формирање на водокориснички здруженија;
- Системите за наводнување се рамномерно распоредени на целата територија на земјата;
- Социо – економските показатели беа земени предвид, како што е очекуваното подобрување на економската благосостојба на населението во соодветните локации
- Бројот на земјоделци – очекуваниот број земјоделци кои ќе имаат придобивки од новите системи за наводнување како крајни корисници;
- Системот за наводнување треба да биде локален;
- Очекуваниот приход по хектар,
- Стапката на невработеност,
- Стапката на миграција и влијанието што таквиот систем за наводнување би го направил во борбата против иселувањето;
- Повеќеслојни аспекти – како што се влијанието врз животот на жените, ранливите групи, влијанието врз животната средина и др.
Примената на горенаведените критериуми од страна на експертите, доведе до избор на 20 потенцијални локации, во следниве региони: Источен, Североисточен, Пелагониски, Полошки, Југоисточен, Југозападен и Вардарски.
Локациите се прикажани на сликата подолу:
Беа извршени повеќе од 20 технички посети, проследени со ист број состаноци со земјоделците на сите локации кои влегоа со потесен избор. Повеќе детали за состаноците се достапни во делот „Aктивности“.
Врз основа на подготвените извештаи за изводливост, од 20 можни локации, беа избрани осум потенцијални локации за инвестирање во мали системи за наводнување, за кои проектот ќе развие целосни Студии за изводливост, основни проекти и тендерска документација: Зајас – Колибари (општина Кичево), Славишко Поле (општина Ранковце), браната Пишица (општина Пробиштип), Чаушица (општина Босилово), K36/Сопот (општина Кавадарци), Суводолско (општина Новаци), Теарце (општина Теарце) и Бањичко Поле (општина Гостивар).