На обуката, фокусирана на управувањето со наводнувањето на земјоделските површини, присуствуваа 65 претставници од неколку подрачни канцеларии АД Водостопанство како и земјоделци и претставници од осумте одбрани локации. Обуката се одржа на 4 септември 2018, во хотелот Континентал во Скопје.
Програмата на обуката, подготвена од страна на експертот за наводнување Оскар Коронел, ги опфати основните концепти на управувањето со системите за наводнување на земјоделските површини, одредувањето на потребите за вода на земјоделските култури, ефикасноста во наводнувањето, распоред за наводнување, компонентите на системите за наводнување и одводнување, како и методите за наводнување.
Прилози: Агенда на обуката и Прирачник: Управување со наводнувањето на земјоделските површини