Во периодот од 5 до 25 декември 2019, проектот „ Мали, нискотрошковни, еколошки прифатливи системи за наводнување: избирање на локации и подготовка на целосно тендерско досие за изградба“ организираше серија од шест обуки за земјоделски маркетинг.
На обуките, организирани како дел од активности за јакнење на капацитетите на земјоделците, присуствуваа стотина земјоделци од осумте локации за кои проектот подготвува услови за изградба на мали нискотрошковни системи за наводнување. .
Земјоделците имаа можност да се стекнат со современи знаења затоа што е земјоделски маркетинг, како да се насочат кон пазарно ориентирано производство, која е улогата на постбербените активности во земјоделскиот маркетинг, како што се сортирањето, складирањето, ладењето, пакувањето, транспортот и други, а им беа дадени и успешни примери за искористување на земјоделскиот маркетинг за производство и пласман на градинарски култури преку земјоделска задруга и започнување успешен бизнис со пазарно ориентирано производство со поддршка на кооперанти.
Обуките ги организираше и водеше Даниела Бужаровска, консултантка за агро-бизнис, а како гости предавачи, кои ги споделија своите лични искуства, учествуваа Драги Памуков, претставник на земјоделската задруга ,,Вегафреш” за производство и пласман на градинарски култури, Виолета Прцуловска, претставник на семеен земјоделски бизнис „Духот на Преспа“, Весна Јаневска,
жена земјоделка и претеседателка на здружението „Вредни росомански раце“ и Синиша Стефановски, претставник на малиот бизнис ЛК „Распбери“.
Прилози: Агенда на обуките, Прирачник за земјоделски маркетинг
Босилово, 03.12.2019
Сопот, 04.12.2019
Ранковце, 05.12.2019
Пробиштип, 20.12.2019
Новаци, 23.12.2019
Теарце, 25.12.2019