Во периодот од 19 февруари до 3 септември 2020 година, проектниот тим организираше и одржа втора рунда состаноци со земјоделците од осумте локации со висок потенцијал за изградба на мали системи за наводнување. Состаноците се дел од поддршката за земјоделците кои сами, преку формирање земјоделски задруги, ќе управуваат со системите.

Првиот дел од состаноците, на кои присуствуваа над стотина земјоделци, беше посветен на формирањето земјоделска задруга преку различни теми: потреба од здружување, финансиска поддршка, потребни чекори за основање на земјоделска задруга, потребна документација, презентација на нацрт Статут на земјоделска задруга и формирање работна група во секоја од осумте локации, кој ќе го води процесот во името на производителите и ќе ја формира задругата.

Вториот дел од состаноците беше посветен на бизнис планирање, пример за разработка на бизнис план за подигање на траен насад, како и поддршка при подготовка на методологија за утврдување надоместок за наводнување.

Прилози:

Ранковце, 19.02.2020

Сопот, 20.02.2020

Чаушица, 24.02.2020

Пишица, 26.02.2020

Теарце, 10.03.2020

Колибари, 27.08.2020

Конопница, 03.09.2020